Вардар се враќа на Арената!

949

Вардар – Охрид, меч од 19.коло во ВМФЛ – ЗАПАД се игра на Арената “Тодор Проески“. Нашиот најтрофен клуб за првпат како македонски второлигаш ќе игра на Арената “Тодот Проески“ или некогашен Градски. Ова го најавуваат “Комитите“ кои истакнуваат дека одново Запад ќе биде нивен, како што беше и некогаш, исто така Арената како домаќин е пријавена и во ФФМ.

Инаку плановите се кога Работнички ќе гостува тој викенд во ПМФЛ, а Вардар е домаќин во ВМФЛ, тогаш вардарци би играле на Арената. Значи не може да се играат во ист викенд два меча на Арената, а предност секако има Работнички.

Вардар – Охрид се игра во сабота со почеток во 15 часот.

May be an image of standing and text that says 'повторно HA запал! сабота 12.03 фк вардар фк охрид билет 100 денари собир:13:00 ΠΡΕд запад дружба и точено пиво!'

ПретходноЈакимовски прв скокач кај Вашингтон Стејт на стартот на турнирот во Лас Вегас
СледноЛК: Партизан двапати водеше со Феенорд, на крајот доживеа дебакл! (ВИДЕО)