ГРК Охрид од следната сезона ќе има нов тренер!

514

Раде Стојановиќ по три години минати на клупата на Охрид ќе замине од клубот. Поранешниот македонски репрезентативец кој оваа сезона го однесе тимот во плеј-офот, информацијата ја потврди за „Спорт+“.

„Во разговор со новото раководство, беше истакнато дека јас мојот план го изработив во овие три години, следната сезона најверојатно ќе дојде некој нов тренер на мое место. Благодарен сум му на ГРК Охрид за овие три години, сигурен сум дека тоа што беше побарано од мене беше реализирано во секој поглед. На Охрид му треба да го задржи овој квалитет, костурот да биде од македонски играчи, а да се надополнува со квалитетни странски играчи кои можат да направат разлика“, изјави Стојановиќ за Спорт+.

Охрид во првиот меч од плеј-офот беше поразен во добра игра од актуелниот македонски првак, во следното коло игра против Бутел Скопје.

ПретходноЕ.Пелистер не застанува, го потпиша Португалецот Вилсон
СледноКОМЕНТАР НА 22.КОЛО: Каква БЛАМАЖА…сега на Шкендија и Европа и „виси“…а фановите “вријат“!