Диего Симеоне воодушевен од пресвртот на Реал

1110

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е воодушевен од пресвртот на градскиот ривал, Реал Мадрид против ПСЖ во Лигата на шампиони.

„Кралевите“ беа на 45. минути од елиминација во осминафиналето, но на сцена настапи Карим Бензема, кој со хет-трик приреди магична вечер и пласман во четвртфиналето.

„Го гледав мечот, како секој љубител на фудбалот во светот. Пресвртот е за воодушевување, покажува што значи овој клуб во Европа“, изјави Симеоне.

Атлетико Мадрид следната недела го чека тежок меч против Јунајтед, претходно игра со Кадиз во Ла Лига, стратегот посочи што треба да направат за да изнудиваат повеќе пенали, даде до знаење дека мора да останат максимално фокусирани.

„Не очекува тежок меч во Ла Лига. Се чувствуваме добро, тоа треба да покажеме на терен. Сега сме побројни и така треба да продолжиме. мора да бидеме фокусирани на себе, повеќе време да поминуваме во казнетиот простор“.

Претходно„Три“ се повлекува од спонзорството на Челзи!?
СледноНов удар за Челзи: Реваншот со Лил под знак прашалник, „сините“ излегоа со соопштение