Донарума и Нејмар се огласија после веста дека се степале во соблекувална

566

ПСЖ оваа сезона во своите редови го донесе Лионел Меси за да дојде до трофејот во Лигата на шампиони. Но, ниту Аргентинецот не се покажа како доволен за исполнување на сонот.

И покрај добрата игра, ПСЖ сепак е елиминиран, а причината е Карим Бензема и глупоста која ја направи Џанлуиџи Донарума. По завршување на дуелот во јавноста излегоа бројни информации, една од нив вели дека Нејмар и Донарума наводно имале меѓусебен конфликт во соблекувалната.

„Здраво Неј. Жал ми е за вчерашните вести, оваа вест е неприфатлива“, напиша Донарума по веста која излезе во „Марка“.

Набрзо доби одговор од Бразилецот.

“Смири се! Тоа се случува во фудбалот. Ние сме тим и се држиме заедно. Сè уште си млад, ќе научиш многу. Стани и продолжи понатаму“, се зборовите на Нејмар.

ПретходноРаботнички за дербито ќе плати 42.000 денари, во Тетово навивачи влетале на терен!
СледноЕ.Пелистер не застанува, го потпиша Португалецот Вилсон