Дончиќ не знае да си го „собере јазикот“: Две технички го делат од суспензија

292

Словенечката ѕвезда во НБА лигата, Лука Дончиќ, покрај сите добри страни, очигледно има и една голема мана. Тој скоро на секој меч влегува во конфликт со судиите поради одредени судиски одлуки и многу често добива технички грешки.

Синоќа на средбата со Њујорк кога неговиот тим доживеа дебакл (77:107), Словенецот ја заработи 14-тата техничка грешка оваа сезона. Според НБА правилата, за 16 технички грешки Дончиќ ќе добие автоматска суспензија од 1 натпревар.

„Тоа нема да се случи. Освен тоа, не ми е јасно зошто денеска добив техничка. Многу чудна одлука“, вели Дончиќ, чие однесување не му се допаѓа ниту на тренерот на тимот, кој веќе еднаш го опоменал „да си го собере јазикот во уста“.

ПретходноАзербејџан се повлече од Сребрената лига, ќе има промени во групата на Македонија
СледноЧелзи е „замрзнат“ и не може да биде продаден