Економот на Челзи морал да купи нови дресови, бидејќи старите се забранети!

403

Челзи се најде во ситуација за која никој во клубот не „сонуваше“. Руската инвазија во Украина го уништи и спортот. Се чини во овој момент на најголем удар е токму лондонскиот клуб, кој е во сопственост на Роман Абрамович.

Овие неколку дена власта во Велика Британија повлече неколку потези со кои ги стави „сините“ во ќор сокак. Откако на Абрамович му беше забрането да доаѓа во Велика Британија, оваа земја по ново ја замрзна продажбата на Челзи, со што направи целосен хаос.

Буџетот на тимот е ограничен, па под знак прашалник е патувањето кај Лил во рамките на ЛШ, а за да целата биде уште потрагична, пред вечерашната средба со Норвич, економот на клубот морал да купува нови дресови, бидејќи старите „сините“ веќе не смеат да ги користат.

Причината е раскинувањето на соработката со телекомуникациската компанија, кое се случи пред мечот.

ПретходноКОМЕНТАР НА 22.КОЛО: Каква БЛАМАЖА…сега на Шкендија и Европа и „виси“…а фановите “вријат“!
СледноЈакимовски прв скокач кај Вашингтон Стејт на стартот на турнирот во Лас Вегас