Е.Пелистер не застанува, го потпиша Португалецот Вилсон

238

Е.Пелистер продолжува со создавање на ростерот за следната сезона. Ново име во редовите на битолскиот тим е искусниот 33-годишен ракометар, Вилсон Дејвис, кој потпиша двегодишен договор, почнувајќи од сезоната 2022/23.

Се работи за ракометар со огромно искуство во францускиот ракометен шампионат, каде што настапува од 2014 година. Дејвис во Битола доаѓа од Иври, а претходно ги носеше дресовите на Нант, Сесон Рен и Данкерк.

На почетокот на кариерата Дејвис настапуваше за Спортинг, Ковадонга и Порто. Новиот среден бек на Е.Пелистер шест пати бил првак на Португалија, освојувач на Суперкупот на Португалија со Порто, а го освои и Лига Купот на Франција со Нант.

За португалската репрезентација настапуваше цела една деценија, почнувајќи од 2009 година.

Дејвис ќе биде вториот Португалец во историјата на Еурофарм Пелистер, по Серхио Барош. Официјалното претставување на Вилсон Дејвис е предвидено за почетокот на сезоната 2022/23.

ПретходноДонарума и Нејмар се огласија после веста дека се степале во соблекувална
СледноГРК Охрид од следната сезона ќе има нов тренер!