Нов удар за Челзи: Реваншот со Лил под знак прашалник, „сините“ излегоа со соопштение

3526

На проблемите во Челзи им нема крај. Откако Велика Британија ја стопираше продажбата на лондонскиот тим поради Роман Абрамович, пред вратите стои нов проблем.

Тамошните медиуми пренесуваат дека гостувањето на Челзи кај Лил во рамките на реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампиони е ставено под знак прашалник.

„Сините“ веќе има рестрикции во буџетот, не смеат да потрошат повеќе од 20.000 фунти, но за Франција ќе им треба многу повеќе.

Исто така Челзи може да изгуби спонзорство од 40 милиони евра од телекомуникациска компанија, додека останатите спонзори размислуваат дали треба да останат во клубот.

Токму поради бројните проблеми од клубот излегоа со соопштение.

„Поради фактот дека Абрамович е 100% газда на Челзи, тоа значи дека клубот е под исти санкции како и тој. Власта во Велика Британија мора да ни даде посебна дозвола за да извршуваме одредени активности. Денеска нормално ќе ги одиграме натпреварите против Норвич во Премиер лигата и со Вест хем во женската лига на Англија, а потоа ќе мораме да разговараме за поништување на мерките и лиценцата на Британската влада. Клубот мора да функционира нормално. Се надеваме дека ќе има разбирање за клуб што има огромно реноме во Англија и општо во светот на фудбалот“, велат од Челзи.

ПретходноДиего Симеоне воодушевен од пресвртот на Реал
СледноРаботнички за дербито ќе плати 42.000 денари, во Тетово навивачи влетале на терен!