Покетино е најлошиот тренер кој го водел ПСЖ во ерата на катарските сопственици

491

Маурисио Покетино загуби 12 од 72 меча на клупата на ПСЖ откако беше назначен за нов тренер на францускиот шампион. Тоа во проценти е 16,7% од натпреварите на кои го предводеше тимот досега.

Полош тренер од него во ерата на катарските сопственици на францускиот гигант беше само Антоан Комбоар, кој загуби на 21,4% од средбите на кои од клупата го предводеше клубот.

ПСЖ синоќа загуби од Реал Мадрид (3:1) во реваншот од 1/8-финалето на Лигата на шампионите и беше елиминиран од турнирот. Статистиката и неисполетите желби на богатите сопственици за битка за трофејот од ЛШ се добар предуслов Аргентинецот во скоро време да добие отказ.

ПретходноХаос по мечот во Мадрид: Газдата на ПСЖ сакал да го „тепа“ судијата
СледноСедма година по ред Меси финалето на ЛШ ќе го гледа на телевизија