Понеделнички и во ПМФЛ: Ренова – Пелистер се игра на 14 март!

497

Конечно и кај нас фудбал во понеделник. Иако мечот нема да биде вечерен, туку попладневен од 15 часот, сепак ќе се игра во понеделник. Имено Ренова – Пелистер со дозвола на ФФМ ќе играат на 14 март а се поради фактот дека Ренова и Шкендија користат ист стадион оној Градски во Тетово. Па така во договор меѓу двата тетовски прволигаши, Шкендија својот меч со Тиквеш ќе го игра во недела (13 март) од 15 часот, а Ренова со Пелистер утредента.

Инаку 23.коло или прво од третиот круг стартува в сабота со дербито Шкупи – Работнички, додека во недела се играат и мечевите А. Пандев – Струга ТЛ, Македонија ЃП – Скопје и Брегалница – Борец исто од 15 часот.

ПретходноУште еден удар: Нема да има ТВ преноси од Формула 1 за Русија!
СледноЧелзи со убедлив триумф кај Норвич, супер гол на Бруно за Њукасл! (ВИДЕО)