Работнички за дербито ќе плати 42.000 денари, во Тетово навивачи влетале на терен!

344

Иако Работнички се покажа во многу подобро светло против МЗТ Скопје, сепак вечната пресметка заврши во корист на тимот од Аеродром, кој славеше со 83-89 и ја продолжи доминацијата.

Дербито, не мина без неспортско однесување на навивачите на двата тима, па во записникот на делегатот, има доволно материјал за парични казни. Секако истите одат на сметка на домаќинот, кој ќе мора да плати 42.000 денари на име на фрлање на тврди предмети на терено, фрлање на петарда и неспортско навивање.

Парична казна заработи и МЗТ Скопје, актуелниот македонски првак ќе треба да искешира 8.000 денари за неспортско навивање.

Во најновиот билтен парична каза има и за Еуро Никел, кој ќе треба да плати 24.000 денари поради фрлање на тврди предмети.

Ниту во Втората лига изминатото коло не било мирно. Тетекс беше домаќин на Охрид, мечот го доби со 78-69. Овој натпревар бил прекинат 20. минуту, судиите побарале салата да биде испразнета, откако дел од навивачката група на “Војводи“ влетале во терен. Како што се вели во извештајот, брзата и навремена интервенција на полицијата спречила голем скандал.

За ова Тетекс ќе плати 16.000 денари и следниот домашен меч ќе го игра пред празни трибини.

ПретходноНов удар за Челзи: Реваншот со Лил под знак прашалник, „сините“ излегоа со соопштение
СледноДонарума и Нејмар се огласија после веста дека се степале во соблекувална