ТИМ И ИГРАЧ НА 22.КОЛО: Супер Марио….

520

Се виде дека не биле бадијала заканите на Работнички дека конечно Шкендија ќе падне на Арената.И така и беше, а најзаслужен за таа победа, по долго време, е капитенот на тимот Марио Станковски или СУПЕР МАРИО.
Каков ли само гол му “стегна“ на шампионот, ни тројца Захови да беа не можеа да го спречат тој спектакуларен гол. Шкендија не се победува секој ден, па затоа Марио е играч на колото, а покрај него од Работнички во тимот на колото се и Рашо и Тодоровски. Македонија ЃП победи во Струга, тоа беше нејзина шеста победа во серија, а Стевковски, Младеновски и Сефер Емини, стрелец на исто така гол – убавец се во идеалниот состав на 22.коло. А.Пандев го “торпедираше“ Борец, затоа тука се Манев, Велиновски и Маронг. Тиквеш на “крилјата“ на Нгоба го потопи Скопје, а Георгиев беше стрелец на победничкиот гол за Брегалница, за нејзината прва пролетна победа.

ИГРАЧ НА 22.КОЛО
МАРИО СТАНКОВСКИ
Тим: Работнички
Роден: 06.09.1999 во Берлин (Германија)
Кариера: Работнички, Тетекс, Тиквеш, Борец, Работнички

ПретходноКуртоа: Бензема е најдобриот напаѓач на светот
Следно„Три“ се повлекува од спонзорството на Челзи!?