Хаос по мечот во Мадрид: Газдата на ПСЖ сакал да го „тепа“ судијата

2322

По синоќешниот пораз од Реал (М) и елиминацијата во осминафиналето на ЛШ, преставниците на ПСЖ им се нафрлиле на судиите предводени од холандскиот арбитар Дани Макели.

Според некои од водечките светски медиуми, сопственикот на клубот, Насер Ал-Келаифи и спортскиот директор Леонардо по натпреварот отишле во соблекувалните да се пресметаат со судиите, но по многу дискусија и  обезбедувањето успеало да ги спречи да направат поголем инцидент.

За ПСЖ ова е уште еден удар и сезона во која ќе останат без трофеј во Лигата на шампионите, без разлика на огромните пари што ги вложуваат во клубот.

Летово го доведоа и Лионел Меси, но ниту тоа не им помогна да стигнат до толку посакуваниот трофеј.

ПретходноПокетино бесен: Срамота! Што гледаа тие во ВАР собата?
СледноПокетино е најлошиот тренер кој го водел ПСЖ во ерата на катарските сопственици