Шкупи со публика в сабота против Работнички

221

Мечевите од 23. коло во ПМФЛ, инаку први од третио круг во овогодинешниот шампионат, ќе стартуваат со оној в сабота помеѓу екипите на Шкупи и Работнички. Со почеток од 15: часот, додека пак останатите мечеви се ираат в недела од истиот термин. Мечот ќе биде пренесуван на МТВ во директен пренос.

Она што е уште поважно за домаќините е што истече казната за играње мечеви без публика па така, по цели два месеци, тимот на Шкупи на домашен терен ќе има полни трибини. Веќе беа одиграни мечевите против Академија Пандев и Тиквеш пред празни трибини.

 

ПретходноФудбалска Македонија во шок: Почина Марио Ѓурчиновски
СледноДоговорите на Рудигер, Аспиликуета и Кристенсен не можат да бидат продолжени