Вардар – Охрид, меч од 19.коло во ВМФЛ – ЗАПАД се игра на Арената “Тодор Проески“. Нашиот најтрофен клуб за првпат како македонски второлигаш ќе игра на Арената “Тодот Проески“ или некогашен Градски. Ова го најавуваат “Комитите“ кои истакнуваат дека одново Запад ќе биде нивен, како што беше и некогаш, исто така Арената како домаќин е пријавена и во ФФМ.
Инаку плановите се кога Работнички ќе гостува тој викенд во ПМФЛ, а Вардар е домаќин во ВМФЛ, тогаш вардарци би играле на Арената. Значи не може да се играат во ист викенд два меча на Арената, а предност секако има Работнички.
Вардар – Охрид се игра во сабота со почеток во 15 часот.