Куртоа: Бензема е најдобриот напаѓач на светот

287

Реал Мадрид и навивачите на „Кралскиот“ клуб се во екстаза.Вчера на крилата на Карим Бензема и неговиот хет трик успеаа да слават против ПСЖ на домашен терен и да го елиминираат од Лигата на Шампионите, односно да си обезбедат пласман во 1/4 финалето.

Реал одигра добро, Бензема беше неприкосновен, а по мечот сите изјави беа посветени нему. Тибо Куртоа, чуварот на мрежата на Реал, рече дека Французинот дефинитивно е најдобриот напаѓач на светот во моментов.

„Карим Бензема е најдобриот напаѓач на светот во моментов. Тој е надобрата „деветка“ во моментов. Левандовски постигна три гола против Ред Бул да, но два од тие голови беа од пенал.Синоќа Бензема покажа кој е најдобар. Покажа зошто треба да е највисоко рангиран во битката за Златната топка“ – изјави Куртоа.

 

 

ПретходноЃокиќ: Победата е мотив за понатамошни добри игри
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 22.КОЛО: Супер Марио….