Вечерва се одиграа и останатите први мечеви од 1/8 финалето во Лигата на Европа.
Во Глазгов домашниот Ренџерс со 3:0 ја победи Ц. Звезда. И покрај резултатскиот дебакл треба да се каже дека на гостите ВАР им поништи три гола а Катаи не реализира пенал. Јасно е дека тимот на Дејан Станковиќ мораше да извади многу подобар резултат, барем според играта и шансите кои ги имаше.
Барселона не успеа да го победи Галатасарај, турскиот тим дојде до 0:0. Гостите во финишот постигнаа и гол, но ВАР беше поништен.
Аталанта со 3:2 успеа да го победи Леверкузен. Стрелец на два гола беше Муриел, а Малиновски беше стрелец на првиот гол за италијанскиот тим. Головите на германскиот тим беа дело на Арангуиз и Диаби.
Брага со 2:0 го победи Монако. Руиз уште во 3.минута го постигна првиот гол, додека Оливеира во 90.минута ги постави конечните 2:0.