Седма година по ред Меси финалето на ЛШ ќе го гледа на телевизија

380

Ни Лионел Меси не успеа да му помогне на ПСЖ да го елиминира Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Аргентинецот втора година по ред го завршува учеството на турнирот во оваа осминафинална фаза. Тој и минатата сезона со Барселона не успеа да ја мине оваа прва нокаут-рунда, тогаш елиминиран од својот сегашен клуб, ПСЖ.

Меси седма година по ред нема да игра во финалето на Лигата на шампионите. Последен пат во битката за трофејот беше во 2015 година, кога Барса славеше над Јувентус со 3:1. Исто така интересно е тоа што против реал тој нема постигнато гол од 2018 година.

ПретходноПокетино е најлошиот тренер кој го водел ПСЖ во ерата на катарските сопственици
СледноНејмар и Донарума за малку ќе се степале во соблекувалната