ФОТО НА КОЛОТО: Кога Влатко се смее…

1524

Тиквеш во саботата, во меч од 22.коло во ПМФЛ, и играчки а пред се резултатски го “торпедира“ Скопје со 3:0. Тоа беше најдобрата партија на кавадарчани под водство на Влатко Костов. И не само поради тие три гола, туку и поради играта, шансите, акциите. Тиквеш одамна не сме го гледале да игра така. Сите во Тиквеш се задовиолни, а најмногу поради настапот на тинејџерите Тодоров и Тасев кои во второто полувреме добија шанса од својот шеф и во целост ја оправдаа довербата.

Дефинитивно Тиквеш во нив добива двајца играчи од висока класа. А за тоа е заслужен токму Костов.

Ете, затоа Влатко се смее… и со право.

ПретходноАлкалоид му одржа час по ракомет на Голден Арт (ФОТО)
СледноУште еден удар: Нема да има ТВ преноси од Формула 1 за Русија!