Како што јавуваат медиумите во Хрватска, Аријан Адеми ја залечи повредата на мускулот, и тренира заедно со остатокот од екипата на Динамо вече три дена.
Тоа значи дека капитенот на „Модрите“ и Македонски интернационалец и репрезентативец дефинитивно е во комбинација за настап на утрешното големо дерби од шампионатот на Хрватска помеѓу Хајдук и Динамо во Сплит кое е закажано за 18:00 часот.
Што е уште поважно за нас, тоа значи дека Адеми ако се биде во ред ќе биде потполно подготвен за настап и против Италија на 24 март во Палермо во рамките на полуфиналето од баражот за Мундијалот во Катар.