Обрван повеќе нема трпение, ќе ги завие ли Босанците во „црно“?

246

Поранешниот македонски селектор, сегашен предводник на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, е пред заминување, пишуваат тамошните медиуми.

Иако по завршување на Европското првенство 2022 беше потврдено дека ќе остане селектор на Босна до 2025 година, сепак најновите информации велат дека поднел оставка.

Причината за ваквиот потег се парите, секако. Хрватскиот стратег нема добиено ниту денар во последните неколку месеци. Ракометната федерација на Босна успеала брзо да го реши проблемот и повлекла 60.000 евра, дел од нив ќе ги искористи за исполнување на обврските кон него, но привремено. Најголем проблем е адвокатот на Обрван, кој може да ја влоши ситуацијата пред мечот со Грција.

Хрватот месечно зема 5.000 евра, сума која според првиот човек Маринко Умичевиќ е преголема и договорот може да биде од голема штета, особено што има важност до 2025 година.

Босанците се надеваат дека Обрван ќе биде на клупата за бараж мечевите со Грција, но не и потоа. На големо го најавуваат неговото заминување.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Грујоски „главен“ на Чаир, Ставрев во Штип!
СледноПроблем за Пасквал, без најдобриот десен бек на двомечот со Македонија