РФМ ги пушти во продажба билетите за дуелот меѓу Македонија и Романија

243

Македонската ракометна репрезентација на 17. март во СЦ „Борис Трајковски“ (19 часот) ја пречекува Романија во првиот бараж меч за место на СП 2022 година.

Нашите момци ќе имаат ветер во грб, мечот ќе се игра пред публика, а билетите веќе се пуштени во прдажба, истите чинат 100 денари.

„Ве информираме дека натпреварот ќе биде организиран согласно важечките протоколи за организација на спортски настани и одлуките на Владата за превентивни мерки против вирусот Ковид-19.

При присуство на натпревар односно за влез во спортскиот објект потребно е лицата да поседуваат и приложат еден од следниве документи :
– сертификат/потврда за извршена имунизација од вирусот (вакцинација) од вирусот Sars-Cov-2 против заразната болест Covid-19 или :
– сертификат/потврда за прележан Covid-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравување“, појаснуваат од РФМ.

Сите информации можете да ги најдете на следниот линк.

ПретходноПо шокот во Мадрид, се огласи и Мбапе!
СледноМакедонија триумфално против Азербејџан