Борче Христов: Работнички има што да покаже утре на дербито на Чаир!

174

По триумфот над Шкендија, посебно по добрата игра против шампионот, конечно се вратија насмевките во клубот од Градски парк. Работнички под водство на стратегот Борче Христов од коло во коло игра се подобро, токму затоа и се освојуваат бодови.

Сепак нема време за преголема радост, веќе утре тимот на Христов го чека најтешкото гостување оваа пролет, и тоа кај лидерот Шкупи, во меч од 23.коло во ПМФЛ.

Јасно е дека сите треба да бидеме задоволни од мечот со Шкендија, полека но сигурно новаците се вклопуваат. Имаме 12 нови играчи и треба време тимот да се воигра. Сепак таа победа со Шкендија треба што побргу да ја заборавиме, утре не чека скопското дерби со Шкупи“ вели Борче Христов, стратегот на Работнички за „Спортмедиа“.

Тој вели дека неговиот тим и утре ќе се обиде да дојде до добар резултат.

Верувајте Работнички има што да покаже утре на дербито на Чаир. Шкупи е одличен тим, но и ние си имаме свои квалитети. Ќе биде интересно, се радувам што ќе има и публика, фудбалот се игра за фановите. Шкупи и Работнички се две екипи кои инсистираат на отворена игра, тие имаат искуство, ние младост и таа младост си носи и свои осцилации. Резултатот е важен, но за нас поважно е да одиграме како што ќе се договориме, а ако биде така тогаш и резултатот нема да изостане“ заклучи шефот на струката на тимот од Градски парк.

ПретходноЗарем е можно: Во Украина се бомбардираат и стадиони! (ФОТО)
СледноАнтонио Николовски го засили Е. Пелистер 2