Бутел ја совлада Струга се пласира на Ф4, Вардар без проблеми против Јуниор КВ

146

Ракометарите на Бутел ја совладаа екипата на Струга со 29:23 во групата Б со што изборија пласман на Фајнал фор односно најдобрите четири екипи кои ќе се борат за титулата оваа година во македонскиот ракометен шампионат. Гостите од Струга парираа само во воведниот дел од мечот, но некаде на средината од првото полувреме екипата на Бутел ја презема контролата и направија разлика (24:15) некаде околу 47 минута со што си го трасираа патот до победата.

Кај Бутел најефикасен  беше Мирко Мајиќ со осум гола, а исто толку постигна и Жарко Барјактаревиќ од Струга.

А Вардар лесно и убедливо славеа на гостински терен против Јуниор Кисела Вода со 40:23. Вардарци очекувано доминираа на мечот, а уште во првото полувреме се виде кој ќе биде победник затоа што Вардарци имаше предност од 21:9. Во вториот дел само рутински ја заврши задачата. Во оваа група А, во финалната фаза Вардар ќе се сретне со Тиквеш и со победа ќе се пласира на Ф4.

ПретходноУрнебесно: „Каземиро го стопираше Меси, затоа Реал победи“. А Бразилецот беше на трибини…
СледноФутсал: Шкупи ја победи Шкендија и стави „печат“ на шампионската титула!