Вардар посилен за Нејц Цехте

240

Репрезентативецот на Словенија, Нејц Цехте, од следната сезона ќе го носи дресот на тимот на Вардар. Тој потпишува соработка, популарно наречена 1+1, во зависност од расположението на обете страни.

Тој игра на позицијата десен бек, во моментов има 29. години и во моментов е дел од тимот на Хановер во Германија.

„Среќен сум што доаѓам во Вардар. Го одбрав македонскиот првак бидејќи знам што значи клубот во светот на ракометот, и знам дека може да придонесе и за мои подобри игри и резултати. Слушнам само убави работи за околу се што ме очекува во новата средина, за тренерот, за новото на кое е клубот, за тренирањето. Очекувам дека ќе ги оствариме резултатите што ќе бидат поставени пред нас, и секако ќе се бориме.
Едвај чекам да дојдам во Скопје, со новиот тим, со момците. Се веселам што ќе можам да играм пред таква публика, атмосфера, и да тренирам со стручњак од калибарот на Давид Дејвис, вели Нејц Цехте.
ПретходноШок во Сплит: Легендарната „рива“ обоена во сино пред дербито Хајдук – Динамо
СледноАдеми тренира со останатите, во комбинација против Хајдук