Тимур Дибиров со седум гола го предводеше Вардар 1961 до убедливиот триумф над Елверум од 39-30 во последниот меч од групната фаза во Лигата на шампиони. Рускиот ракометар со години е една од главните сили во таборот на македонскиот првак.
Неговата блескава партија против Елверум ја одбележа мајсторијата во 56. минута од мечот, кога изведе пируета, а потоа за затресе мрежата на противникот. Овој погодок на Дибиров се најде на второто место на најдобри погодоци за последното коло.
🌪️ Timur Dibirov was @HCVardar‘s top scorer with seven goals tonight – the last one being simply outstanding 👏#ehfcl #showtimeforchampions pic.twitter.com/4ijyrrS9dd
— EHF Champions League (@ehfcl) March 9, 2022
И тука не застануваат признанијата. ЕХФТ го смести во „Дрим тимот“, кој можете да го видите на следниот ЛИНК.