Евролига: Жалгирис во боите на Украина ја совлада Барселона

185

Екипата на Жалгирис успеа да ја победи Барселона со 91:84 во меч од 29. коло на Евролигата. Литванците чија клупска боја е зелена, вечерва настапуваа во сино-жолта опрема како знамето на Украина, а на крајот го победија големиот ривал.

Во литванскиот тим најдобар беше Лукас Лекавичиус со 22 поени, а Ловерњ додаде 18 поени.

За гостите Никола Миротиќ постигна 26 поени, а Лапривота 16 поени.

Барса е на првото место со скор 21-6, а Жалгирис е последен со скор од 7 победи и 20 порази.

Во другиот вечерашен меч од Евролигата Монако во Монте Карло славеше над Ефес со 102:80. Мајкл Џејмс даде 27 поени за домашниот тим, а кај гостите најдобар беше Василие Мициќ кој постигна 25 поени.

Ефес е на петтото место со скор 12-10, а Монако скокна на седмата позиција со скор 11-13.

 

ПретходноСлаба партија на Атлетико но успеа да ги освои трите бода (видео)
СледноПандев се врати на терен, неговата Парма не успеа да победи