Утре на Чаир, со почеток од 15 часот нов дуел меѓу старите скопски ривали, Шкупи и Работнички. Со овој меч се отвора и третиот круг во тековната сезона.
Се очекува интересен, квалитетен фудбал, играат екипи кои во последно време се во добра форма.
Во пресрет на дуелот со градскиот ривал, дефанзивецот на Чаирчани, Ардит Илјази за клупскиот сајт изјави…
“Максимално сме подготвени, сакаме со победа да го стартуваме третиот круг. Јасно е дека не очекува тежок меч со оглед на двете победи на Работнички на двата последни меча. Не кријам дека сум среќен што конечно ќе се отворат капиите на нашиот стадион и дека тука ќе бидат нашите навивачи, верни фанови, се надевам дека ќе играме пред полни трибини. Со нивна поддршка би сакал да ги освоиме тие три бода“ посочи Илјази.