Италија побара цел капацитет за дуелот со Македонија!

144

Македонската фудбалска репрезентација за место во финалето за пласман на Светското првенство во Катар ќе треба да ја совлада селекцијата на Италија. Дуелот е закажан за 24 март во Палермо.

Во Италија владее голема еуфорија за пресметката со нашата репрезентација, билетите беа распродадени за кратко време. Стадионот „Ренцо Барбера“ има капацитет до 36.000 мета, поради пандемијата на коронавирус, владата на Италија засега дозволува на трибините максимален капацитет до 75%.

Откако беа продадени 26.000 билети, првиот човек на ФИГЦ, Габриеле Гарвина испратил писмо до министерот за здравство Спаренца, за мечот со Македонија да се направи исклучок, поради важноста на истиот и да биде дозволен максимален капацитет на стадионот.

Победникот од дуелот меѓу Италија и Македонија ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Португалија и Турција.

ПретходноНејмар – доста беше!
СледноСудии за ПМФЛ: Грујоски „главен“ на Чаир, Ставрев во Штип!