Домино ефектот кој му се случува на тимот на Челзи на конто на одлуката на властите во Англија да му ги одземат сите права на Роман Абрамович не застанува ниту денеска. По серијата санкции, замрзнувања, казни, откажувања, доаѓа и информацијата дека генералниот спонзор на опремата на тимот „Најк“ наскоро ќе ја прекине соработката со клубот.
Во 2016 година Челзи ја промени опремата од „Адидас“ во „Најк“ во договор вреден 900 милиони фунти на 15 години. Сега, отако нештата во голема мера се променија, многу веројатно американската компанија ќе се одлучи да ја прекине соработката и да му „скине“ на Челзи веќе договорени 540 милиони фунти од следните десетина години.
Ако на сето ова се додаде дека клубот ниту може ниту смее во моментов да потпишува спонзорски и секаков дриг вид договори тогаш станува јасно дека клубот буквално пропаѓа и го чекаат тешки денови.