Со оглед на фактот што Ѓоко Зајков нема како да ја продолжи својата кариера во тимот на Ворскла Полтава, клубот од Украина, во моментов се бара решение каде би можел стоперот да продолжи за да не загуби премногу време надвор од теренот.
Спортмедиа дознава дека најдобра варијанта која што во моментов му се нуди на Зајков е трансфер во Унгарскиот тим Кишварда, во моментов третопласиран на табелата. Со назнака дека Ворскла во моментов не размислува за ослободување на нашиот репрезентативец туку во опција е само позајмица. Според нашите извори ова е фаворит варијантата за Зајков.
Следна е онаа која што доаѓа од Бугарија, која вели дека Левски односно ЦСКА 1948 се најзаинтересирани да го ангажираат Зајков, особено што тој веќе беше дел од тимот на Левски. Во игра се и прволигаши од Албанија, односно Словачка.
Конечно, доколку сепак, Ѓоко Зајков одлучи да остане во Македонија и да го доигра тековниот шампионат во домашни услови што се вели, тоа ќе го стори единствено во тимот на Работнички, од каде што како младинец своевремено и го направи првиот интернационалец трансфер во Рен во Франција.