По големата победа над ПСЖ тренерот Карло Анчелоти го воодушевил првиот човек на Реал Мадрид Флорентино Перез. Легендарниот Италијанец го крена тимот од летаргијата против „светците“ на мечот на „Бернабеу“ и стигна до голема победа и пласман во четвртфиналето на ЛШ. Перез бил импресиониран од тоа како Анчелоти го спремил тимот за овој меч, а оваа победа веројатно ќе му донесе нов договор во Реал.
„Марка“ наведува дека Перез одлучил да го остави Анчелоти на кормилото и наредната зона.
Донеодамна работата на некогашниот стратег на Милан, Наполи, Челзи, Баерн, Јувентус беше под знак прашалник, а Перез му најде замерки за слабата игра и покрај тоа што „кралевите“ се лидери во Ла Лига и со најголеми шанси да ја освојат титулата. Но оваа величенствена победа над ПСЖ ќе ги смени работите. Анчелоти ќе остане и наредната сезона. Инаку тој го замени Зинедин Зидан, а втор пат доаѓа во редовите на Реал затоа што првиот пат работеше од 2013 до 2015 година.