Почина екс-германски репрезентативец, светски и европски првак

372

Некогашниот фудбалер на Ајтрахт Франкфурт и поранешен германски репрезентативец Јирген Грабовски починал на 78 години. Тој одиграл 44 натпревари за некогашна Западна Германија и бил европски (1972) и светски првак (1974 година).

За Ајнтрахт одиграл 441 натпревар во Бундес лигата, два пати го освоил Купот на Германија (1974 и 1975 година), а еднаш Купот на УЕФА (1980 година).

Ја завршил кариерата во 1980 година поради тешка повреда, а потоа, кратко работел како тренер на Ајнтрахт но не продолжил со тренерскиот занает.

ПретходноФутсал: Шкупи ја победи Шкендија и стави „печат“ на шампионската титула!
СледноРеал побарал од Халанд да остане уште една година во Дортмунд, тој одбил!