По шокот во Мадрид, се огласи и Мбапе!

2169

Килијан Мбапе во двомечот со Реал Мадрид постигна само два гола, но тоа не беше доволно за да ПСЖ се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампиони, на другата страна Карим Бензема со хет-трик си потопи „светците“.

Елиминацијата е голем удар за ПСЖ и раководството на клубот, ги донесоа сите ѕвезди, но тоа не е доволно. 24 часа по поразот во Мадрид, се огласи Килијан Мбапе, фудбалерот кој постојано се поврзува со „кралевите“, ова лето се очекува и официјално да ги засили редовите на Реал.

„Лигата на шампиони беше голема цел за нас, но ние ја пропуштивме. Оваа сезона не е готова, што и да се случи ние ќе родолжиме да бидеме силни и да се бориме до последниот меч. Им благодарам на навивачите кои не поддржуваат. Ова е Париз, пиша Мбапе на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylian Mbappé (@k.mbappe)

ПретходноАдеми тренира со останатите, во комбинација против Хајдук
СледноРФМ ги пушти во продажба билетите за дуелот меѓу Македонија и Романија