Слаба партија на Атлетико но успеа да ги освои трите бода (видео)

83

Екипата на Атлетико Мадрид славеше со 2:1 над Кадиз во првиот меч од 28. коло на шпанската Ла Лига. Со овие три бода „јорганџиите“ се приближија на второпласираната Севиља на четири бода која допрва ќе треба да го одигра својот меч од 28. коло.

Актуелниот првак одигра слабо со многу грешки и непромислени акции, но сепак успеа да победи и да ја оправда улогата на фаворит. Гостите одиграа храбро и заслужија да останат непоразени.

„Јорганџиите“ поведоа со голот на Жоао Феликс во 3. минута, но гостите изедначија во 45 минута преку ветеранот Алваро Негредо. Победата за мадриѓани ја обезбеди Родриго де Паул во 68. минута. Toa e негов прв гол во дресот на Атлетико. Во финишот на мечот Атлетико остана со фудбалер помалку поради директен црвен картон на Серано, но тоа не донесе промена на резулатот.

Атлетико има 51 бод од 28 меча (15 победи), зад него е Барселона со три бода помалку но и два меча помалку. Кадиз е на 18. место со 24 бода, еден помалку од сигурната зона.

ПретходноРеал побарал од Халанд да остане уште една година во Дортмунд, тој одбил!
СледноЕвролига: Жалгирис во боите на Украина ја совлада Барселона