Познати се судиите за 23.коло или прво од третиот круг во тековната сезона во ПМФЛ. Александар Грујоски од Кичево, еден од нашите најдобри судии е делегиран за дербито на Чаир,во кое се среќаваат Шкупи и Работнички.Овој меч се игра в сабота.
По пауза од неколку кола делегиран е и Александар Ставрев од Скопје. Тој ќе им суди на Брегалница и Борец.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 23.КОЛО – НЕДЕЛА(15 Ч)
Шкупи – Работнички: Александар Грујоски (Кичево) САБОТА
А. Пандев – Струга ТЛ:Димитар Пилешков (Штип)
Шкендија – Тиквеш: Игор Стојчевски (Скопје)
Македонија ЃП – Скопје: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Брегалница – Борец: Александар Ставрев (Скопје)
Ренова – Пелистер: Крумислав Ѓорѓиев (Штип) ПОНЕДЕЛНИК