Новинарската спортска фела во Кипар, традиционално ги избира најдобрите единаесетмина во тамошниот фудбалски шампионат на годишно ниво, а за изминатата меѓу најдобрите е избран и нашиот Иван Тричковски.
Напаѓачот кој во шампионатот на Кипар ја доживеа својата втора фудбалска младост и години e еден од најдобрите стрелци се најде во најдобриот тим заедно со уште двајца напаѓачи, Фотис Папулис од Омонија, односно Јоанис Питас од Аполон.
Тричковски во моментов е дел од тимот на АЕК Ларнака, има 34. години и беше дел од нашиот национален тим на Европското првенство минатата година.