Страшна е ситуацијата во Челзи, иднината уште пострашна се чини. Европскиот шампион, по нападот на Русија врз Украина ги трпи сите можни последици и тоа поради блиските врски на Роман Абрамович и Владимир Путин.
За се она што деновиве се случува со клубот, со тимот, со Челзи,свој коментар има Томас Тухел, сратегот на „сините“ од Лондон…
„Се додека имаме дресови со нас, автобус да не вози на натпревари, ние ќе се бориме на терен. Сеуште сум среќен што сум тука, што сум тренер на оваа силна екипа.Идеме ден по ден, не знаеме што ќе ни донесе утрешниот ден“ рече покрај другото Германецот.