Шок во Сплит: Легендарната „рива“ обоена во сино пред дербито Хајдук – Динамо

879

Утре со почеток во 18:00 часот на легендарниот Пољуд во Сплит се игра големото дерби помеѓу двата најголеми клубови во Хрватска, Хајдук и Динамо. За нас секако интересно затоа што ќе настапат Јани Атанасов за домашните, и Аријан Адеми односно Стефан Ристовски за гостите. По долги години доминација на Динамо, сезонаа Хајдук има реална шанса да ја освои титулата и затоа цела Хрватска е на нозе.

Како претходница на дербито, утринава на популарната „рива“ во Сплит осамнаа димни бомби со сина боја, заштитниот знак на Динамо Загреб. Провокација на Бед Блу Бојс навивачите на Динамо, кон домашната Торцида, која очигледно неподготвена за ова доживеа „тежок пораз“ на сопствен терен, а до стартот на мечот има повеќе од 24 часа.

 

ПретходноТричковски во најдобрите единаесет за 2021 во Кипар
СледноВардар посилен за Нејц Цехте