Секако дека ситуацијата во Челзи се следи со големо внимание и во останатите клубови, како во Европа така и во Премиер-лигата во Англија.
На денешниот прес свое видување имаше и стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп. Според него за се она што се случува во таборот на „сините“ има само еден виновник…
„Искрено сочуствувам со играчите и со Тухел. Тие не се одговорни ниту пак виновни за ништо. Вината за се она што се случува со Челзе е само во еден човек, а тоа е Владимир Путин. Не знам каква е улогата на Роман Абрамович, но може да се каже дека тој е близок со Путин. Инаку да кажам дека тоа што го направи владата во врска со санкциите врз Челзи, сосема е во право“ заклучи Клоп.