И „Најк“ му откажува на Челзи!?

240

Домино ефектот кој му се случува на тимот на Челзи на конто на одлуката на властите во Англија да му ги одземат сите права на Роман Абрамович не застанува ниту денеска. По серијата санкции, замрзнувања, казни, откажувања, доаѓа и информацијата дека генералниот спонзор на опремата на тимот „Најк“ наскоро ќе ја прекине соработката со клубот.

Во 2016 година Челзи ја промени опремата од „Адидас“ во „Најк“ во договор вреден 900 милиони фунти на 15 години. Сега, отако нештата во голема мера се променија, многу веројатно американската компанија ќе се одлучи да ја прекине соработката и да му „скине“ на Челзи веќе договорени 540 милиони фунти од следните десетина години.

Ако на сето ова се додаде дека клубот ниту може ниту смее во моментов да потпишува спонзорски и секаков дриг вид договори тогаш станува јасно дека клубот буквално пропаѓа и го чекаат тешки денови.

 

ПретходноЗавршува ерата на Меси и Роналдо: Има нови правила во изборот за „Златна топка“!
СледноЗарем е можно: Во Украина се бомбардираат и стадиони! (ФОТО)