Нејмар е најскапото засилување во историјата на фудбалот, незаслужени, сигурно ќе се согласите, тој е далеку од нивото на кое треба да игра најдобриот играч во светот.
ПСЖ троши голема сума на пари, но никако не успева да дојде до посакуваната цел. Бразилецот во Париз дојде за 222 милиони евра, но не придонесува на најважните натпревари, па како што пренесуваат француските медиуми, раководството на клубот размислува да се ослободи од него.
Прашањето кое се поставува дали може сето тоа да се изведе?
Има договор до 2025 година, ако се земе во предвид дека има 30 години и постојано е повреден, сумата не би можела да биде повеќе од 100 милиони евра.
Кој тим би можел да плати за него, ќе видиме на лето.