Македонскиот интернационалец Горан Пандев ја залечи повредата која го оддалечи од терените извесно време и вечерва заигра за Парма на мечот со Тернана на „Енио Тардини“ кој заврши со резултат 1:1.
Ова е натпревар од 29. коло на Серија Б, а Тернана поведе со гол на Берета од пенал во првото полувреме додека популарните „млекари“ изедначија во финишот на мечот преку Јуриќ. Пандев влезе во игра во 71. минута на местото на Бернабе.
Да потсетиме пред да се повреди постигна гол против Порденоне на 12 февруари, потоа не играше шест меча.