Проблем за Пасквал, без најдобриот десен бек на двомечот со Македонија

265

Македонската ракометна репрезентација ќе оди по потешкиот пат за пласман на ново Светско првенство. На патот кон Мундијалот 2023 година, прва пречка е Романија. Со оваа селекција „црвено-жолтите“ ќе играат на 17. овој месец во Скопје, додека два дена подоцна во Букурешт се игра реваншот.

На шест дена пред првата пресметка, селекторот Чави Пасквал се соочува со проблем. На располагање ќе го нема десниот бек Демис Григорас. Тој има повреда на задната ложа, па ќе мора да биде надвор од терените најмногу четири недели.

Станува збор за ракометар кој настапува за Бенфика, и кој е најдобар стрелец на овој тим.

ПретходноОбрван повеќе нема трпение, ќе ги завие ли Босанците во „црно“?
СледноДвојно признание: Дибиров во „Дрим тимот“ на колото, „пируетата“ во Топ 5 голови (ВИДЕО)