И дефинитивно цел фудбалски свет е во исчекување каде, во кој клуб ќе ја продолжи својата кариера Ерлинг Халанд. Имено јасно е дека само неколку клубови можат да си го дозволат Норвежанецот и актуелен напаѓач на Борусија Дортмунд.
Еден од тие е Реалм Мадрид.
Инаку денеска “Марка“ пишува дека челниците на Реал побарале од Халанд да остане уште една година во Дортмунд, а тоа значи во Мадрид да дојде следното лето, во 2023 година.
Причината била, според “Марка“, дека “кралевите“ сакаат ова лето да го ангажираат Килијан Мбапе, но сепак таквата молба самиот Халанд ја одбил. Едноставно Норвежанецот сака уште ова лето да си оди од Дортмунд.
Инаку најново е тоа што сега во преден план, односно фаворит за потписот на Халанд е Манчестер Сити.