Тричковски во најдобрите единаесет за 2021 во Кипар

101

Новинарската спортска фела во Кипар, традиционално ги избира најдобрите единаесетмина во тамошниот фудбалски шампионат на годишно ниво, а за изминатата меѓу најдобрите е избран и нашиот Иван Тричковски.

Напаѓачот кој во шампионатот на Кипар ја доживеа својата втора фудбалска младост и години e еден од најдобрите стрелци се најде во најдобриот тим заедно со уште двајца напаѓачи,  Фотис Папулис од Омонија, односно Јоанис Питас од Аполон.

Тричковски во моментов е дел од тимот на АЕК Ларнака, има 34. години и беше дел од нашиот национален тим на Европското првенство минатата година.

 

ПретходноСудии за ВМФЛ: Стојанов ќе му суди на Вардар, Ристовски на Воска, Пројковска на „центарот“ во Кочани!
СледноШок во Сплит: Легендарната „рива“ обоена во сино пред дербито Хајдук – Динамо