Футсал тимот на Шкупи е шампион на Македонија. Иако и пред вечерашниот меч со Шкендија кој се одигра во Тетово, се знаеше дека чаирчани ќе ја освојат титулата, сепак тие со победа од 0:4 ставија “печат“ на трофејот.
Тоа значи дека по само една година пауза, лани првак на Македонија во футсал беше тимот на КМФ Проект, тимот на Шкупи си ја врати титулата.
Новиот шампион на Македонија во изминатите 18 кола успеа да победи на 17 меча, имаше само еден пораз. Освои 51 бод, со постигнати 112 и примени 37 голови.
Инаку вечерва во Тетово, Шкупи ја победи Шкендија со 0:4, стрелци на головите беа Исмаили, Стојковски и двоен стрелец беше Елјеса.
По завршување на мечот, на новиот првак му беше доделен и шампионскиот пехар, како и медали на фудбалерите.
Тимот на КМФ Проект освои 45 бодови, па така иако допрва треба да го одигра својот меч едноставно немаат шанси да ја стигнат бодовната разлика од 6 бодови и сега веќе екс –првакот мораше да се задоволи со второто место.