Јирген Клоп: За ситуацијата во Челзи виновен е само Путин!

140

Секако дека ситуацијата во Челзи се следи со големо внимание и во останатите клубови, како во Европа така и во Премиер-лигата во Англија.

На денешниот прес свое видување имаше и стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп. Според него за се она што се случува во таборот на „сините“ има само еден виновник…

Искрено сочуствувам со играчите и со Тухел. Тие не се одговорни ниту пак виновни за ништо. Вината за се она што се случува со Челзе е само во еден човек, а тоа е Владимир Путин. Не знам каква е улогата на Роман Абрамович, но може да се каже дека тој е близок со Путин. Инаку да кажам дека тоа што го направи владата во врска со санкциите врз Челзи, сосема е во право“ заклучи Клоп.

ПретходноИлјази: Среќен сум што ќе играме пред полни трибини, Шкупи оди на победа против Работнички
СледноТухел: Се додека имаме дресови и автобус, ние ќе се бориме!