Јокиќ немоќен, Стеф Кари со тројка до историја (ВИДЕО)

425

Два натпревари се одиграа во НБА-лигата синоќа. Голден стејт гостуваше кај Денвер и славеше со 113-102, додека Бруклин кај Филаделфија, беше подобар со 129-100.

Во Денвер се одигра изедначен натпревар, расплетот беше добиен самата завршница во која Вориорс со серија од 13-0 дојдоа на 100-1002 и дојдоа до победата. Стеф Кари и Пул го решија дуелот.

Кари мечот го заврши со 34 поени и 9 скока, Пул од клупата запиша 21 поен, пет скока и седум асистенции, додека Томпсон застана на 18.

Кари на оваа средба стигна до 20.000 поен во својата кариера во НБА-лигата, со тројка од голема далечина, тој постана 49. играч во историјата на НБА-лигата со толкав број на поени.

Најдобриот играч на Денвер, Никола Јокиќ запиша 23 поени, 12 скока и 9 асистенции.

Бруклин Нетс во триумфот беше предводен од Дурент со 25 поени, 14 скока и 7 асистенции, Ирвинг додаде 22 поени и 5 скока, додека на другата страна Харден не се прослави против своите некогашни соиграчи, имаше само 11 поени, 6 скока и пет асистенции.

ПретходноШокантно: Тимошчук бил руски агент! (ФОТО)
СледноНавивачите на Лидс во очај: Вратете го Алиоски!