Ал-Келаифи му рекол на Леонардо да си ги собере „парталите“

345

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, соопшти весникот „АС“.

Според изворот, претседателот на клубот, Насер Ал-Келаифи е незадоволен од резултатите на трансферите и фактот што огромните инвестиции минатото лето не придонесоа за успешен настап во Лигата на шампионите.

Против Леонардо е и прашањето за напаѓачот Килијан Мбапе, кој не можеше да се убеди да го продолжи договорот со клубот. Една од можните замени за Леонардо на оваа функција е извршниот директор на Тотенхем, Фабио Паратичи.

ПретходноСкопско дерби: Шкупи со „шверцерите“ го чека Работнички на Чаир!
СледноДо април ќе има нов менаџер на „Олд Трафорд“: Четири кандидати за жешкото столче